Дома Топ вести Четворица кандидати за клупата на Реал, Конте фаворит

Четворица кандидати за клупата на Реал, Конте фаворит

Реал Мадрид денес и официјално потврди дека Зинедин Зидан повеќе не е тренер на „кралскиот“ клуб.

„Кралевите“ веќе ја започнаа потрагата по нов тренер, а медиумите пренесуваат дека има четворица кандидати за тренерското столче.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Прв избор на Флорентино Перез беше Макс Алегри, кој одлучи да се врати на клупата на Јувентус.

Во моментов прв фаворит е Антонио Конте, кој спогодбено го раскина договорот со Интер и е слободен да потпише договор со „кралевите“.

Втора опција е Јоаким Лев кој после Европското првенство ќе си замине од германската репрезентација. Како опција се споменува и легендата Раул, кој моментално е тренер на младинскиот тим.

На списокот се наоѓа и Маурисио Покетино кој има долг договор со ПСЖ и е најмалку веројатно да седне на клупата на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Брујне по заминувањето од Премиер лигата и доаѓањето во Наполи е принуден на едно посебно правило

Вечерва ќе се одигра натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Наполи, што…