Дома Останати Ракомет Червар после Германија: Ова е грабеж кој го виде целиот свет, судиите треба да се затворат!

Червар после Германија: Ова е грабеж кој го виде целиот свет, судиите треба да се затворат!

Репрезентацијата на Хрватска вчера во драматична завршница беше поразена од Германија со 22:21 во борбата за медал.

Овој натпревар го обележа момоментот во финишот од натпреварот, кога беше досуден сомнителен пенал во напад од страна на Игор Карачиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лино Червар после натпреварот беше навистина жесток.

„Ова е грабеж кој го виде целиот свет. Судиите треба да се затворат. Ова не е прв пат. Нас Данџите ни ги одземаа првенствата во 2008, 2009 и 2010 и тоа јавно треба да се каже. Не може да се дозволи аматери да судат на вакви натпревари“.

„Ние ја надигравме Германија, но судиите ни ја одзмемаа победата. На Европското првенство минатата година исто така лошо ни се судеше, мислевме дека тука ќе биде подобро. Сега тие слават ваква победа…Што да има кажам? Браво дечки добро игравте? Тие се само жртвено јагне. Ние граѓаните на Хрватска се бориме за достинство нема да дозволиме да не крадат пред целиот свет“, изјави Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и в…