Maкедонија ја очекува тешка задача во групата А на Европското првенство во Германија каде што покрај домаќинот во нашата група се уште Франција и Швајцарија.
Избраниците на селекторот Лазаров ги очекува тешка задача, а така смета и искусниот стратег Лино Червар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот тренер истакна дека во овој момент не е коректно да се бара од Лазаров поминување на групната фаза.
„Тешко ќе се спротистави Македонија на Франција и Германија. Не би било коректно од Лазаров да се бара пласман во следната фаза. Македонија евентуално може да ја победи Швајцарија. Навивачите можеби зборуваат поинаку, но тоа не е реалноста“, изјави Червар.
Македонија денес од 18:00 часот го игра првиот натпревар и тоа против Франција.