Алекс Окслејд Чембрлејн веројатно е авторот на една од најлегендарните изјави во последните години.
Чембрлејн во финишот на преодниот рок го напушти Арсенал и потпиша за Ливерпул. Долго траеше сагата околу трансферот на англискиот репрезентативец, кој покрај Ливерпул го посакуваше и Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот потпиша повеќегодишен договор, а „Црвените“ за него платија 40 милиони евра. И додека се наоѓа заедно со репрезентацијата на Англија, даде неверојатна изјава, која ја пренесоа доста светски медиуми.
„Во натпреварот против Манчестер Сити влегуваме во многу добра форма, откако славевме против Арсенал во претходното коло“, истакна Чембрлејн, кој беше дел од Арсенал во неделата кога екипата од „Емирати“ загуби од Ливерпул.
Навивачите на Арсенал тоа не им се допадна, „Црвените“ веќе ги купи, но секако немаше лоши намери освен што сакаше да ги забавува своите фанови.