Тимот на Челзи ова лето ќе претрпи големи измени бидејќи најверојатно нема да настапува во Лигата на шампиони, а на „Стенфорд Бриџ“ ќе пристигне и нов тренер.
Челзи на лето најверојатно ќе го продаде Мичу Батчуаи, кој е на позајмица во Борусија Дортмунд и за него повеќе нема место во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Батчуаи одлично се покажа во дресот на „милионерите“ и на 14 натпревари постигна 9 гола, па германскиот клуб сака да го задржи во своите редови 24-годишниот Белгиец.
Во договорот помеѓу двата клуба нема клаузула со која Дортмунд може да го откупи на крајот на сезоната, но „сините“ веќе ја одредија цената за напаѓачот.
Англиските медиуми тврдат дека Челзи за Белгиецот ќе бара 50 милиони фунти (57 милиони евра), сума која германскиот клуб најверојатно ќе се согласи да ја плати.
„Милионерите“ го продадоа Обамејанг за 70 милиони евра, па значителен дел од таа сума ќе ја потрошат за потписот на Батчуаи.