Дома Топ вести Челзи се вклучи во трката за Левандовски

Челзи се вклучи во трката за Левандовски

Роберт Левандовски најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен ова лето, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челзи.

Левандовски одби да го продолжи договорот со Баварците и јавно потврди дека сака да ја промени средината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Баерн иако негира, сепак е свесен дека може да го загуби напаѓачот следното лето без обештетување и е спремен да го продаде ова лето.

Барселона се споменуваше како најсериозен кандидат за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Челзи.

 Тухел би сакал да го има во својот тим, но најголемиот проблем е што мора прво да се ослободи од Ромелу Лукаку.

Трансферната сума нема да биде проблем за „сините“, бидејќи новиот газда ќе издвои голем буџет за засилувања ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…