Челзи ова лето го испрати Тиму Бакајоко на едногодишна позајмица во Милан, со опција италијанскиот клуб да може да го откупи играчот следното лето.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи преку Бакајоко воспоставил одлична соработка со Милан и ќе се обиде следното лето да ја донесе нивната ѕвезда, Сусо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сусо веќе неколку сезони игра фантастично во дресот на „росонерите“ и заработи повик во шпанската репрезентација, а тренерот Сари е голем симпатизер на неговата игра.
Доколку Бакајоко се докаже во Серија А и Милан сака да го откупи, Челзи е спремен да му го понуди играчот додатна допата за да го добие потпист на Сусо.
24-годишниот Шпанец веќе има искуство во Премиер лигата, бидејќи потекнува од школата на Ливерпул, но не доби голема шанса на „Енфилд“.