Дома Трансфер зона Челзи одлучи: Нема да го откупи Ковачиќ!

Челзи одлучи: Нема да го откупи Ковачиќ!

Матео Ковачиќ ова лето пристигна во Челзи како позајмнен фудбалер од Реал Мадрид и добро се снајде на „Стенфорд Бриџ“.

Ковачиќ беше желба на тренерот Маурицио Сари и на почетокот му даваше поголема минутажа, но потоа за место во стартниот тим се избори Рос Баркли со одличните партии.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Притоа, во последно време се подобри игри прикажува и младиот Лофтус-Чик, па Ковачиќ падна во втор план.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на „сините“ донело одлука да не го откупува Хрватот на крајот на сезоната, токму поради таа причина.

Останува да видиме дали Ковачиќ следното лето ќе остане во Мадрид или ќе бара нова дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…