Дома Фудбал Англија Челзи не се откажува од Лигата на шампионите, Саутемптон на чекор од Чемпионшип

Челзи не се откажува од Лигата на шампионите, Саутемптон на чекор од Чемпионшип

Екипата на Челзи успеа да слави над Барнли на гости, додека Саутемптон е се поблиску до Чемпионшип.

На 100. меч за Антонио Конте во Челзи, „Плавите“ успеаа да слават над Барнли со 2:1.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Подобри беа избраниците на Конте од самиот старт, создаваа шанса, а до гол стигнаа во 20. минута, Мозес мина по десната страна, упати центаршут, а Лонг на своја несреќа ја пренасочи топката во мрежа.

Поуп одбрани еден удар, Морати во 33. минута, а токму Мората имаше голема шанса во 59. минута кога излезе еден на еден со голманот на Барнли. Шутираше покрај голот, а го имаше Жиру на другата страна.

Казната стигна брзи, Барс постигнува гол, а Гудмундсон претходно шутираше кон голот на Челзи.

Но нерешено беше само пет минути, во 69. минута Виктор Мозес успеа да постигне гол и да го реши прашањето за победникот.

Во рамки на дуелот пак, помеѓу Лестер и Саутемптон победник немаше, а ниту погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Во последно време во јавноста се шпекулира дека актуелната сезона може да биде последна за…