Дома Фудбал Англија Челзи на Покетино е полош од оној на Потер, но клубот не смее да го отпушти

Челзи на Покетино е полош од оној на Потер, но клубот не смее да го отпушти

На Челзи не му оди ниту со Маурисио Покетино на клупата, меѓутоа американските сопственици ќе мораат да бидат внимателни ако се одлучат да го отпуштат.

Аргентинецот пристигна изминатото лето и се најавуваше дека ќе започне нова ера во клубот со бројни нови лица, меѓутоа екипата сезонава не е ништо подобра од минатата кога ја водеше Грем Потер. Ако се повлеч паралела, Челзи со Потер по 23 натпревари минатата сезона имал еден бод повеќе отколку сега со Покетино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Токму и поради тоа очекувана е желбата на навивачите за нова проемна, меѓутоа клубот мора да биде внимателен. Покетино има уште 18 месеци од договорот со Челзи и негов отказ во овој момент би го чинел Челзи десет милиони фунти. Ако го отпуштат пред јуни тој расход би се сметал за актуелната година, па клубот би го прекршил финансискиот фер-плеј и би се соочил со губрње на бодови.

И онака Челзи стравува од казна за трошењето кое го направија со доѓањето на Тод Бредли. Според финансиските експерти, Челзи мора да добие десетина милиони фунти од продажба на фудбалери за да ја врати ситуацијата во нормала, па дополнителни десет милиони (за отказот на Покетино) би ја влошиле ситуацијата.

Ќе потсетиме, од доаѓањето на Боели на чело на клубот, Челзи потроши над една милијарда фунти, а резултати нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…