Дома Трансфер зона Челзи купуваше, а сега ќе продава – се најавува голема „чистка“

Челзи купуваше, а сега ќе продава – се најавува голема „чистка“

Англискиот гигант Челзи потроши еден куп пари во зимскиот преоден рок, но и покрај тоа немаше резултати какви што се очекуваа, па газдата Тод Боели реши да ги продаде непотрените фудбалери ова лето.

Челзи веќе се договори со Ал Ахли и Ал Итихад од Саудиска Арабија да им ги продаде Едуард Менди, односно Калиду Кулибали, а веднаш потоа договори продажба и на Матео Ковачиќ во Манчестер сити.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Арсенал ќе го купи Каи Хаверц од Челзи за 65 милиони фунти, а исто така Зијеш ќе замине во Ал Наср од Саудиска Арабија.

Сепак, ова е само почеток на распродажбата затоа што во следните денови се очекува да замине и Мејсон Маунт, Конор Галагер, Тревор Чалоба и други фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …