Челзи минатата сезона имаше премногу пријавени играчи, а на тренинзите редовно имаше меѓу 33 и 40 ѕвезди на лондонскиот клуб.
Тиаго Силва во едно интервју дури изјави дека морале да ја прошират соблекувалната затоа што не можe да ги собере сите. Сепак, летово имаше доста заминувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот веќе го напуштија Каи Хаверц, Мејсон Маунт, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Рубен Лофтус-Чик, Н’Голо Канте и Цезар Аспиликуета.
Исто така, новиот менаџер на клубот Маурисио Покетино продолжи да го намалува списокот, отпишувајќи ги Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг и повратникот Ромелу Лукаку, според Дејли Меил. Не смета на тие тројца и ќе мора да бараат нови клубови.
Преселбата на Зијех во саудиската лига, во Ал Наср на Роналдо пропадна откако лекарските прегледи открија проблем со коленото, додека Лукаку го бараат и Ал Хилал и Јувентус по завршувањето на неговата позајмица во Интер.
Другите две ѕвезди кои останаа во тренинг центарот на Челзи во Кобам се младите Омари Хачинсон и Харви Вејл. Тие ќе бидат дома со Зијех, Лукаку и Обамејанг додека остатокот од тимот оди на подготовки во САД.
Освен пријателскиот натпревар во Рексам, Челзи во претсезоната ќе игра и со Брајтон, Њукасл, Фулам и Борусија Дортмунд.
Двократниот освојувач на Лигата на шампионите имаше разочарувачка сезона, нема да игра ниту во Европа, па ова лето е можност за целосен ремонт на тимот.