Дома Топ вести Челзи до крајот на трансфер периодот носи три Англичани за одбрана на титулата

Челзи до крајот на трансфер периодот носи три Англичани за одбрана на титулата

Фудбалскиот клуб од југозападен Лондон планира да доведе уште три англиски репрезентативци до крајот на трансфер периодот.

„Сините“ лошо ја започнаа сезоната, загубија во Комјунити Шилд од Арсенал, потоа непријатно беа поразени на домашен терен од Барнли, но беа спасени со победата над Тотенхем на „Вембли“. Конте е јасен, сака уште засилувања за да не се повтори Барнли, а изборот падна на тројца англиски репрезентативци.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Станува збор за играчите на Арсенал, Лестер и Евертон, а од Челзи се убедени дека до крајот на трансфер периодот ќе ги договорат посакуваните трансфери. Како што пренесува „The Guardian“, Челзи до 31. август ќе се обиде да ги ангажира Англичаните, а прв на листата е Чемберлен.

Играчот на Арсенал има договор уште 12 месеци со „Топчиите“, нова соработка му беше понудена, но тој наводно сака да го напушти клубот. Арсенал е во голем проблем, иста ситуација имаат и со Озил и Санчез, но изгледа дека Чемберлен прв би можел да си замине од споменатите тројца. Во Челзи се убедени дека понуда од 38 милиони евра би можела да го убеди Венгер да го продаде играчот.

Вториот играч за кого се заинтересирани е Рос Баркли од Евертон. Но, за неговите услуги ќе се бори со Тотенхем, талентираниот играч за врска е повреден, а според последните информации ќе биде надвор од терените до нова година. Сепак, во Челзи тоа го гледаат како предност, а се надеваат дека во блиска иднина би можеле да седнат со претседателот на „Карамелите“, Фарад Мојсир и да го договорат трансферот. Прилика имаат во недела, кога на „Стемфорд Бриџ“ гостува Евертон во рамките на третото коло од англиската Премиер лига.

Третиот играч е Дринквотер, но и тој исто како Баркли се уште не настапи во новата сезона, Челзи испрати понуда вредна 16,2 милиони евра, но таа беше глатко одбиена. „Лисиците“ го ценат својот играч за врска околку 32 милиони евра. Сепак, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед сака да си оди во Челзи, па се очекува во следните денови да биде пронајден компромис.

Со споменатите тројца фудбалери, Конте би ја добил неопходната ротација за натпреварување на четири фронта, па Челзи несомнено би бил главен фаворит за одбрана на титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус донесе одлука, ќе го откупи Калулу

Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Пјер Калулу, кој ова лет…