Дома Топ вести Челзи го вклучува Пулишиќ во трансферот на Жоао Феликс

Челзи го вклучува Пулишиќ во трансферот на Жоао Феликс

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица со крајот на сезоната.

Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Челзи сака да го откупи 23-годишниот фудбалер и наскоро ќе седне на преговарачка маса со Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ за откуп бараат 100 милиони евра, а Челзи ќе се обиде да ја намали таа сума така што во трансферот ќе го вклучи Кристиан Пулишиќ.

Пулишиќ не е задоволен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да ја промени средината, а Атлетико е заинтересиран за него и е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…