Дома Трансфер зона Чави Симонс пред голем трансфер од 90 милиони евра?

Чави Симонс пред голем трансфер од 90 милиони евра?

Чави Симонс беше еден од фудбалерите кои го привлекоа вниманието на Европското првенство и поради тоа го привлече вниманието на неколку клубови, а еден од нив изгледа тргнал посериозно во акција.

Француските медиуми пренесуваат дека во Баерн одлучиле во наредните денови да го завршат трансферот на Симонс. Минатата сезона за Баерн беше големо разочарување, па затоа сега тргнаа во целосна реконструкција на екипата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Баварците веќе ги доведоа Микел Олисе и Жоао Палиња, но тука нема да биде крајот на засилувањата. Во Баерн Симонс го гледаат како одлично засилување и најавите се дека преговорите одат во добра насока.

Претходно како опција за Холанѓанецот се споменуваше и Лајпциг кој како и Баерн сакаше да го доведе на позајмица со право на откуп. Најавите се дека Баерн по позицијата е спремен да плати и 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…