Дома Топ вести Чави најави можно заминување од Барселона!

Чави најави можно заминување од Барселона!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез најави дека до крајот на сезоната би можел да ја напушти клупата на каталонскиот гигант.

Актуелниот шампион на Шпанија во овој момент е трет на табелата со осум бодови помалку од лидерот Жирона и седум од најголемиот ривал Реал Мадрид. Исто така елиминирани беа од Купот на кралот од Атлетик Билбао по продолженија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Чави е свесен за ситуацијата и јасно му е дека би заминал ако работите не се подобрат.

„Ако не се поправиме до крајот на сезоната ќе морам да заминам. Знам каде сум. Во Барселона потребно е да освојувате титули, во спротивно сте во ризик“, истакна Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …