Дома Фудбал Останато Чави: Меси полудува ако не му ја додадете топката!

Чави: Меси полудува ако не му ја додадете топката!

Легендарниот шпански плејмејер, Чави последните денови од кариерата ги поминува во катарски Ал Сад, но за медиумите говореше за карактерот на Лео Меси, долгогодишниот соиграч од Барселона.

Чави во каталонскиот гигант освои 25 трофеи и помина многу години заедно со арегнтинскиот „волшебник“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Барселона или Аргентина не можат себе да си дозволат топката во текот на мечот да не биде кај Меси. За Меси е важно секогаш да биде таму каде што е топката, а ако не е блиску до неа тогаш морате да му ја додадете. Во спротивно то полудува. Меси е тој што ќе направи се што е потребно за на тимот да му оди добро “, изјави 37-годишниот Чави.

Чави смета дека Аргентина ќе се извлече од неповолната ситуација и дека ќе се квалификува на Светското првенство.

„Аргентина е способна да го освои Светското првенство следната година. Точно е дека сега се во тешка ситуација, но сите ќе се согласат дека во Русија ќе бидат фаворити, ако се пласираат. Имаат играчи кои се спремни на тоа, а сега и вистински тренер. Хорхе Сампаоли е многу ценет“, заклучи Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов домино ефект на „деветката“: Ливерпул подготви рекордна понуда, а потоа „паѓаат“ Словенец и Бразилец

Нова седмица, нови трансфер бомби на повидок, а овој пат на ред доаѓаат – Александер…