Дома Фудбал Останато Црни прогнози: Ако нешто не смениме за осум години никој нема да гледа фудбал!

Црни прогнози: Ако нешто не смениме за осум години никој нема да гледа фудбал!

Аурелио Де Лаурентис има црни прогнози за иднината на фудбалот доколку нешто не се промени во блиска иднина.

Првиот човек на Наполи смета дека нешто мора да се промени бидејќи фудбалот полека станува досаден за помладите генерации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Го уништуваме фудбалот. Мораме да гледаме во иднина, бидејќи младите ги интересираат само видео игри. Во овој момент тонеме. Ќе видите за осум години, децата кои сега се родени фудбалот нема да ги интересира„, започна Де Лаурентис во интервјуто за француски „Ле Парисиен“.

Де Лаурентис предложи и потенцијално решение на ваквиот проблем.

„Фудбалот е важна индустрија. Ни е сме виновни, ние старците, идиоти. Има многу досадни натпревари! Фудбалските натпревари траат предолго – заспиваш додека гледаш. Треба да се игра два пати 30 минути со пауза од две-три минути во секој дел. Зошто служат тренерите ако не е така?“, се запраша Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…