Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија Опен откако за три часа и 24 минути во четири сета го совлада Карен Хачанов (7:6, 6:4, 6:7 и 6:3).
Вториот финалист ќе биде познат за неколку часа од мечот помеѓу Ѓоковиќ и Томи Пол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред полуфиналето на Ѓоковиќ настана скандал поради ситуацијата со неговио татко. Имено, Срѓан, таткот она Ѓоковиќ се фотографираше со навивачи кои развеаа руски знамиња, додека на кошулата носеше симбол „Z“.
Станува збор за симбол што се наоѓа на воената опрема на руските војници и така искажа поддршка на Русија во инвазијата на Украина.
Украинскиот амбасадор Васил Мирошниченко уште пред да биде објавено дека Срѓан нема да присуствува на денешниот меч на Ѓоковиќ побара српскиот тенисер јавно да се извини за потегот на неговиот татко.