Дома Фудбал Циркус во Ла Лига: Судијата означи крај, па ги врати играчите од соблекувална да играат уште една минута

Циркус во Ла Лига: Судијата означи крај, па ги врати играчите од соблекувална да играат уште една минута

Тимот на Севиља стигна до важна победа против Гранада и така остана во игра за шампионската титула во Шпанија бидејќи сега имаат само бод помалку од Реал Мадрид и Барселона и три од лидерот Атлетико.

Интересна ситуација беше видена во победата над Гранада. Судијата Рикардо де Бургос дуелот го продолжи четири минути, а потоа следуваше вистински хаос. Прво означи крај кога истече третата минута и играчите веќе се упатија во соблекувалните.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа потоа доби информација од ВАР дека прерано го завршил натпреварот и ги повика сите играчи да се вратат на теренот и да играат уште една минута. Се доигра таа една минута, но играчите на Гранада не успеаа да се заканат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер подготви над 20 милиони за синот на поранешна ѕвезда на Реал, Сити и Милан

Интер се подготвени да го привлечат 18-годишниот Робинхо Јуниор од Сантос, тврди UOL Espor…