
Oд Ракометната федерација на Македонија информираа дека се пуштени во продажба дневните билети за Европското првенство на кое ќе биде и Македонија домаќин.




Билетите можат да се купуваат преку продажната мрежа на МК Тикетс низ Македонија. Повеќе информации можете да најдете на линкот – ТУКА.




Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Покрај продажната мрежа на МК Тикетс, билети се продаваат и на официјалната на страна на ЕХФ – ТУКА.




Цената на овие дневни билети изнесува од 927 до 3090 денари. Ќе потсетиме, Македонија игра во група со Франција, Холандија и Романија. Првиот натпревар го играме на 5. Ноември. Сите натпревари се играат во СЦ „Борис Трајковски“.
Фото: РФМ