Дома Останати Цел свет го чека тестот на Ѓоковиќ, позитивен неговиот тренер

Цел свет го чека тестот на Ѓоковиќ, позитивен неговиот тренер

Марко Паники, фитнес тренерот на Новак Ѓоковиќ, позитивен е на коронавирус, потврдено е со тестирање во Задар.

Како што беше соопштено од екипата на српскиот тенисер, од 22 лица кои во текот на ноќта биле тестирани за коронавирус во Задар, три лица биле позитивни и тоа Борна Чориќ, Кристоф Грох, тренерот на Григор Димитров и Марко Паники, фитнес тренерот Новак Ѓоковиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓу тестираните се Ѓорѓе Ѓоковиќ, Горан Ѓоковиќ, Милјан Амановиќ и Горан Иванишевиќ. Сите тие се негативни на Ковид-19.

Новак Ѓоковиќ не сакаше да биде тестиран во Задар, па отпатува за Белград каде ќе биде тестиран. Сега целиот тениски свет е во исчекување на резултатите од неговиот тест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вака денес изгледа Моника Селеш: Се бори со ретка болест (Фото)

Тениската легенда Моника Селеш после подолг период објави фотографија на социјалните мрежи…