Дома Топ вести Целосна реконтрукција во Реал: Одличниот Хрват си заминува во англискиот гигант за 50 милиони евра

Целосна реконтрукција во Реал: Одличниот Хрват си заминува во англискиот гигант за 50 милиони евра

Реал Мадрид синоќа беше елинимиран во четврт-финалето од Кралскиот куп и сигурно дека оваа сезона е сезона за заборавање на „Кралевите“.

Матео Ковачиќ одлично го одигра двомечот во Суперкупот на Шпанија, целосно го неутрализираше одличниот Меси, но потоа го снема. Одличниот Хрват одигра само 170 лигашки минути оваа сезона и многумина во иднина не го гледаат во дресот на Реал, каде што конкуренцијата во средниот ред навистина е огромна.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Тhe Mirror“ пишува дека за хрватскиот репрезентативец е заинтересиран Манчестер Јунајтед и дека Жозе Мурињо во него ја гледа долгорочната замена за Мајкл Керик кој ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната. Англичаните сметаат дека и на Ковачиќ би му одговарал овој трансфер, бидејќи на Островот би имал голема минутажа и со тоа голема можност да се наметне на Златко Далиќ за Светското првенство во Русија.

Потсетуваме, поранешниот играч на Динамо во Реал пристигна од Интер за 30 милиони евра 2015. година, а сега во Јунајтед би можел да се спои со Пол Погба и Немања Матиќ за 50 милиони евра. Од Италија исто така пристигнуваат информации дека на Ковачиќ минутажа пред Светското првенство му нуди и својот поранешен клуб Интер. Италијанците сакаат да го доведат на позајмица до крајот на сезоната, но за сега во Мадрид ја одбиваат таа идеја…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шумахер првпат по десет години се појавил во јавноста?

Според последните информации на медиумите, Михаел Шумахер за првпат се појавил во јавноста…