Врвот на кариерата го достигна во тимот на Арсенал. Од Лондон замина во 2011 година, а денес е целосно заборавен.
Верувале или не игра во Турк Очаги Лимасол каде што пристигна во септември 2017 година. Емануел Ебуе воопшто нема „сто години“ како што повеќето мислат, туку само 34. Неговите врсници и понатаму прикажуваат одлични настапи во големите европски клубови, а тој една година не шутнал топка, но сеуште не се повлекол.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со фудбал започна да се занимава во Абизана, израсна во АСЕЦ Мимоса од каде што после само една сезона премина во Европа. Во 2002 година потпиша за Беверен во Белгија од каде што започна неговата одисеја во Европа. Можеше да биде голема, но…
За само две сезони го сврте вниманието на себе и тоа на екипата на Арсенал каде што пристигна во 2004 година и практично беше незаменлив на бројните позиции на кои Арсен Венгер му даде доверба.
Сепак првата титула ја освои со Галатасарај во 2011 година каде што освои две првенства на Турција, а со Арсенал беше втор во Лигата на шампионите во сезоната 2005/2006, беше втор во Афричкиот куп на нации во 2012 година, а освои уште и два купа во Турција, исто така со Галатасарај.
После пет години поминати во Турција се врати во Англија каде што настапуваше за тимот на Сандерленд, каде што исчезна.
Како што кажавме кон крајот на септември потпиша за тимот кој се наоѓа на турско/северениот дел на Кипар, каде што сеуште чека на своето деби.
Репрезентативната кариера ја заврши во 2013 година каде што за Брегот на Слоновата Коска запиша 79 настапи и постигна три погодоци.