Дома Фудбал Германија Хумелс не го сака Нагелсман за тренер: Многу е млад за Баерн!

Хумелс не го сака Нагелсман за тренер: Многу е млад за Баерн!

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс јавно се изјасни дека не е за тоа младиот стратег Јулијан Нагелсман да ги предводи Баварците.

На Баерн му оди добро под водство на Јуп Хејнкес, но искусниот стратег е привремено решение и ќе ги води Баварците само до крајот на сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Германските медиуми веќе лецитираат со имиња кои би можеле да го наследат следната сезона, а главни фаворити се Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

„Нагелсман е само две години повозрасен од мене и затоа имам поделено мислење. Мислам дека е премногу млад за да води клуб како Баерн, но не велам дека е невозможно“, јасен беше Хумелс.

Младиот германски стратег има поддршка од повеќето луѓе во клубот, па големи се шансите на крајот на сезоната да седне на кормилото на Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …