Дома Фудбал Хорхе Меси: Не сум лут на Барселона, ме разочараа некои луѓе!

Хорхе Меси: Не сум лут на Барселона, ме разочараа некои луѓе!

Иако целиот фудбалски свет очекуваше дека Лео Меси ова лето ќе го продолжи договорот со Барселона и ќе остане на „Камп Ноу“, сепак Аргентинецот како слободен играч за пресели во ПСЖ.

Каталонскиот клуб поради финансиски проблеми не можеше да го регистрира новиот договор на Меси, иако се беше договорено со фудбалерот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Навивачите се уште не можат да се помират со заминувањето на Меси, а повеќето се лути на Жоан Лапорта кој претседателската кампања ја водеше со ветување дека Меси ќе остане.

Таткото на фудбалерот, Хорхе Меси синоќа допатува во Барселона и веднаш беше пречекан од новинарите, кои го прашаа дали е лут на клубот кој така се однесуваше со Меси.

„Не сум лут на клубот. Ме разочараа некои луѓе“, кратко одговори Хорхе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан потврди: Наскоро се враќам

Французинот Зинедин Зидан потврди дека планира наскоро да се врати на тренерската функција…