Дома Фудбал Останато ХОРОР во домот на Аргентинската икона: Легендата на Порто и Олимпик Марсеј се обиде да ја убие својата сопруга!

ХОРОР во домот на Аргентинската икона: Легендата на Порто и Олимпик Марсеј се обиде да ја убие својата сопруга!

Шокантни вести, некогашниот играч на Порто и Олимпик Марсеј, Лучо Гонзалес е обвинет дека се обидел да ја убие својата сопруга.

Инцидентот се случил на осми декември, а на некогашниот репрезентативец му е забранет пристап на помалку од 500 метри, а во следните 90 дена нема да може да ги види ниту своите деца.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Обвинението го поднела токму неговата сопруга, Андреа да Силва Маркес Гонзалес.

„Мојот сопруг, Лучо Гонзалес, се обиде да ме убие“, истакнаа таа.

„Се скаравме и се обиде да ме убие. Потоа ја испразни куќата, го зеде цел мој накит, сите пари од нашата сметка, ги блокираше моите картички и ги украде моите пари. Се обиде да ме задуши и да ми ги пресече вените, ме закачи да висам на терасата и ги повика децата да ме гледаат одоздола. Нашите вработени повикаа полиција и тој ме фрли од терасата, бидејќи под дворот играа моите деца со кучињата, а потоа почна да вика: Ќе те убијам, ќе те убијам“, истакна сопругата на Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…