Дома Фудбал Останато Хонда, како никој не те сака!? – Вардар? (ФОТО)

Хонда, како никој не те сака!? – Вардар? (ФОТО)

Поранешниот јапонски репрезентативц и фудбалер кој играше за неколку големи клубови, Кеисуке Хонда очајнички се обидува да пронајде нов ангажман.

33 годишниот Хонда е без ангажман од летото кога си замина од Мелбурн Виктори, а иако од тогаш се поврзуваше со неколку клубови се до денес е без клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Претходните недели Хонда се обидуваше ангажман да пронајде преку Твитер. На слични начини се понуди на Манчестер Јунајтед и Милан, меѓутоа од клубовите немаше одговори.

Хонда сега одново се огласи на Твитер.

„Зошто никој не ми нуди договор? Сигурен сум дека и понатаму сум еден од најдобрите азиски фудбалери“, напиша Хонда.

Сепак, ние можеме да кажеме дека ова не е точно. Вардар преку својот Твитер во моментите кога Јапонецот се нудеше ширум Европа го повика во својот табор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вети дека ќе се соблече за победа на Албанија над Србија и тоа го направи! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Албанија извојува победа против тимот на Србија во Лесковац …