Холандскиот стратег Дик Адвокат третпат во кариерата ќе стане селектор на репрезентација на својата земја, а негов помошник ќе биде Руд Гулит, пренесува холандски „Телеграф“.
Според истиот извор, уште само неколку детали го делат Адвокат од потпишување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адвокат ќе го наследи на клупата Дени Блинд, кој минатиот месец доби отказ откако загуби во Бугарија 2:0, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Дик Адвокат е тренер на Фенербахче, а неговиот договор со турскиот клуб истекува на 1 јуни. Тој веќе побарал од клубот да му дозволи да ја предводи Холандија на 29 мај, на пријателскиот натпревар со Мароко.
Искусниот тренер во минатото во два мандати беше селектор (1992-1994 и 2002-2004). Пред него е вистински предизвик, да ја однесе Холандија на Мундијалот во Русија, бидејќи во моментов оваа репрезентација се наоѓа на четвртото место во групата, зад Франција, Шведска и Бугарија.