Дома Фудбал Англија Херој на денот: Голманот на Ватфорд спаси живот на 80-годишен човек

Херој на денот: Голманот на Ватфорд спаси живот на 80-годишен човек

Голманот на Ватфорд, Бен Фостер е главна тема во медиумите на Островот, поради неговиот потег надвор од терените.

Минатиот викенд, Фостер додека се враќал од стадионот по мечот со Кристал Палас, забележал постар човек како изнемоштено се движел покрај улицата. Бен бил во автомобилот заедно со својата сопруга и татко му, но решил да застане и да види дали му е потребна помош на старецот, кој веќе паднал на тротоарот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Постариот господин имал проблем со автомобилот не можел да го запали, па решил да оди пешки до неговиот дом, кој бил одалечен 20 километри, но потоа се изгубил.

Фостер стигнал во вистински момент, го одвел во неговиот дом, му дал топла облека и го повикал заедно да го прослават Божиќ. Покрај ова 80-годишниот фан ќе добие сезонски билети за дуелите на Ватфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…