Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Звезда од Бари 1991: Што изјави Панчев откако пред 29 години ја израдува цела Југославија? (ВИДЕО)

Херојот на Звезда од Бари 1991: Што изјави Панчев откако пред 29 години ја израдува цела Југославија? (ВИДЕО)

Нa денешен ден пред 29 години во 1991 година Црвена Звезда го освои Купот на европските шампиони или денешната Лига на Шампиони. Херој на Звезда од таа вечер во Бари беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.

Панчев го имаше одлучувачкиот момент во финалето. Откако резултатот беше нерешен после 120 минути се пристапи кон изведувањето на пенал, а пенал рулетот го реши Панчев.

Македонската фудбалска легенда доби прилика да го решава натпреварот и се чекаше неговиот гол за ерупција помеѓу црвено-белите навивачите. Дарко не разочара, беше сигурен и ја израдува Југославија.

„Не знам што да кажам, толку сме уморни и психички и физички…Ова е најсреќниот ден во мојот живот, дадов безброј голови и од тешки и од лесни позиции, но ова ми е навистина најдрагиот гол во кариерата. Мислам дека и ние играчите уште не сме свени што направивме. Да се освои европскиот Куп на шампиони е нешто најголемо кое секој играч може да го посака“, кажа помеѓудругото Панчев.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Казната нема да влијае: Де Брујн останува во Манчестер Сити!

Патрик де Костер, агент на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн ја коментираше евенту…