Ливерпул влезе во извонредна форма и има пет победи на последните шест меча, а реално можеа да бидат и шест победи ако судиите досудеа една одлука во корист на „Црвените“.
Тимот на Јирген Клоп ремизираше со Арсенал во дербито на „Енфилд Роуд“ кое заврши 1:1, но на кое сите беа убедени дека домашниот состав беше сериозно оштетен уште во првото полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мартин Одегард се лизна во шеснаесетникот и играше со рака, но главниот судија Кавана, но и луѓето во ВАР собата проценија дека нема доволно елементи за најстога казна.
– Во дадената ситуација со Одегард не беше досуден пенал бидејќи неговата рака се движеше во линија на телото, а не кон топката додека паѓаше на земја, – гласеше објаснувањето кое го даде професионалното судиско тело.
Речиси еден месец подоцна, се јави шефот на ПГМОЛ, Хауард Веб, кој сега јавно призна дека Ливерпул бил оштетен и требал да добие најстрога казна за играњето со рака на Норвежанецот.
– Судијата кој беше на теренот призна дека Одегард се лизнал и дека видел како неговата рака се спушта на земјата, но во дадената ситуација, не се работи само за случајност. Одегард се лизна, но неговата рака оди на надворешна страна, а потоа ја враќа кога има контакт со топката. ВАР го гледаше тој аспект и беше донесено одлука дека тој сака да го направи помало своето тело, а не поголемо.
– Сепак, кога се гледа од оваа гледна точка, тој стекна огромна предност во дадената ситуација. Знам дека сите очекуваа пенал во таа ситуација и се согласувам дека требаше да има. Не се донесе вистинско решение во таа ситуација, – признава Веб.
Видеото од спорниот момент погледнете го ТУКА.