Утрово хрватските медиуми информираа за конфликт во редовите на репрезентацијата, а само неколку часа потоа напаѓачот Никола Калиниќ беше избркан од репрезентацијата на Хрватска од Светското првенство.
Селекторот Златко Далиќ му се заблагодари на Калиниќ и го испрати дома, а причина за тоа е неговото одбивање да влезе во игра пет минути пред крајот со дуелот против Нигерија.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Напаѓачот имаше слаба сезона со дресот на Милан во минатата сезона, откако постигна само шест погодоци во дресот на „росонерите“.
На денешната пресконференција селекторот на „коцкестите“ Златко Делиќ ќе открие детали и ќе го појасни случајот.