Наполи денес игра против Фејенорд на домашен терен, а клубот од Неапол не дозволи на овој натпревар да присуствуваат гостински навивачи.
Причината за таквата одлука на клубот од Неапол беше дивеењето на овие навивачите од пред две години во центарот на Рим кога Фејенорд и гостуваше на Рома во рамките од Лигата на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но и покрај забраната голем број Холанѓани допатуваа во Неапол и се однесуваа во склад со нивната репутација, бидејќи веднаш со камења ги нападнаа полицијаците пред стадионите. Потоа следуваа филмски сцени, хулиганите избегаа, а полицијаците кои беа каменувани повикаа засилувње.
Полицијата ги стигна Холанѓаните и им го попречи патот, по што следуваше нов пресметка, овој пат со палки и пендраци, а еден навивач на холандскиот тим беше и приведен.