Дома Фудбал Лига на шампиони Хаос во Динамо Киев: Украинците против Барса без 11 играчи од првиот тим и со младински голман!

Хаос во Динамо Киев: Украинците против Барса без 11 играчи од првиот тим и со младински голман!

Коронавирусот направи огромни проблеми во редовите на Динамо Киев пред натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите.

Тренерот на Динамо за натпреварот против Барселона не ќе може да смета на дури 11 фудбалери поради Ковид-19. Вирусот на големо влезе во Динамо и Барса не би требало да има проблеми да победи во овој дуел. Можеби најголем проблем е голманската позиција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Двата голмани на Динамо Бушан и Бојко се заразени па против Барселона многу веројатно ќе брани младинецот Нешрет.

Коронавирусот прави големи проблеми од коло во коло, Динамо не е првиот клуб кој едвај ќе состави тим, минатото коло Лацио против Бриж играше без осум фудбалери од првиот тим. Сепак во тој дуел Лацио освои бод.

Меѓутоа Динамо ќе има многу потешка задача затоа што на другата страна ќе ја има Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…