Дома Фудбал Хаос во грчкото дерби! Тренерот на АЕК го загуби разумот, давеше луѓе на теренот (ВИДЕО)

Хаос во грчкото дерби! Тренерот на АЕК го загуби разумот, давеше луѓе на теренот (ВИДЕО)

Дербијата во Грција, без разлика дали е фудбал или кошарка, одамна станаа борба за живот и смрт!

Така беше и во неделата вечерта на „Тумба“, каде по пресврт, ПАОК го совлада АЕК со 3:2 во 34. коло од плеј-офот и остана во шампионската трка, но бурното дерби остана во сенка на невидениот инцидент што се случи после натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот од Солун до крајот на натпреварот губеше со 2:1, кога со головите на Јанис Константелиас во 81. и на Џоан Сестра во 90. минута остварија пресврт и три важни бодови во борбата за титулата.

Натпреварот беше како „буре барут“ од првиот до последниот судиски свиреж. Голема тепачка имаше на теренот, но и на трибините каде навивачите во неколку наврати го прекинуваа натпреварот. Во средината на второто полувреме мораше да реагира и полицијата и покрај аут линијата ги разделуваше двете клупи.

Сè ескалира по последниот судиски свиреж, кога тренерот на АЕК, Матиас Алмеида буквално го загуби разумот. Аргентинскиот стручњак влета на теренот и почна физички да ги напаѓа членовите на ПАОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија дочека и февруари во Европа – вечерва ја чека тежок предизвик!

Екипата на Шкендија вечерва на арената во Скопје го отвора европскиот предизвик против Сам…