Норвешката ТВ 2 денес објави дека Унијата на европски ракометари испратила писмо до претседателот на Светската ракометна федерација, Хасани Мустафи.
Во своето писмо тие искажуваат загриженост за одлуката на трибините на Светското првенство во Египет да има навивачи. Ако нема промени салите во Египет за СП ќе бидат отворени со 20% од капацитетот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарите од ЕХФ бараат да се откаже од планот да ги пушти гледачите на трибините затоа што сметаат дека тоа може да влијае на здравјето на играчите и сите што се во репрезентацијата.
Ќе потсетиме пред неколку дена Микел Хансен јавно истакна дека не сака да игра пред публика и поради тоа размислува дали да настапи на СП.