Дома Фудбал Италија Хамшик верува: Можеме до Скудетото!

Хамшик верува: Можеме до Скудетото!

Капитенот на Наполи, Марек Хамшик, е среќен што е намалена разликата со лидерот Јувентус и шѕто титулата ќе се одлучува во директна пресметка следното коло.

„Небесносините“ двапати заостануваа во против Удинезе синоќа, но победија со 4: 2, па го искористија киксот на Јувентус против Кротоне.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Во еден момент за време на натпреварот заостанувавме 9 бода зад Јувентус, а сега сме само 4. Покажавме карактер и успеавме да ги свртиме работите во наша корист“, истакна Хамшик.

„Од утрово ние размислуваме само за Јувентус. Знаеме дека нашиот натпревар против нив ќе биде многу важен и ќе има големо влијание за крајот на сезоната. Мислам дека можеме да ја освоиме титулата“, рече Хамшик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ги шокира: По 120 години се изборија за Европа, а сега – нема да играат?!

Фудбалерите на Кристал Палас сѐ повеќе се оддалечуваат од можноста да играат во групната ф…