Светскиот шампион Луис Хамилтон заработи казна од 5 позици од местото што ќе го избори во квалификациите за ГН на Бахреин која се вози в недела.
Казната е изречена поради промени во менувачот што не е дозволено на првите 6 трки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак тимот на Мерцедес беше свесно приморан на ваков чекор откако се појавија проблеми во Австралија каде Хамилтон го освои второто место зад Фетел.
„Имавме дефект на хидрауликата во Мелбурн и сме среќни што воопшто ја завршивме трката. За жал, не успеавме да го поправиме“, објави Мерцедес.