Дома Фудбал Англија Халанд ќе биде најплатениот играч во Премиер лигата, познато колку ќе заработи со бонусите

Халанд ќе биде најплатениот играч во Премиер лигата, познато колку ќе заработи со бонусите

Eрлинг Халанд фантастично ја започна својата авантура во Манчестер Сити, Норвежанецот се заканува да ги сруши сите можни голгетерски рекорди.

Платата за која игра Халанд во Борусија Дортмунд изнесува 350.000 фунти неделно, толку заработува и капитенот на „граѓаните“ Кевин Де Брујн. Меѓутоа Халанд во својот договор има неколку клазули кои се поврзани со постигнати голови и освоени титули, па така ќе биде најплатен во тимот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Проценките на фудбалските експерти се дека ако Халанд продолжи со вакво темпо ќе заработува неверојатни 900.000 фуни неделно.

Сезонава на 12 натпревари во сите конкуренции Халанд постигна 19 гола, 14 од нив се во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави го отпиша, Флик го врати, сега потпишува до 2030 година!

Патот на Ерик Гарсија, кој од четврт стопер стана незаменлив елемент во Барселона, претста…