Дома Фудбал Германија Халанд ја откри ‘тајната’: Што испи на полувремето за потоа да постигне четири погодоци?

Халанд ја откри ‘тајната’: Што испи на полувремето за потоа да постигне четири погодоци?

Ерлинг Халанд синоќа беше неверојатен, постигна четири погодоци во победата на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Херта.

Норвежанецот даде четири погодоци, сите четири во второто полувреме во победата од 5:2 на Милионерите. Еден од најголемите светски таленти продолжи да ги “решета“ мрежите, а после неверојатниот натпревар ја насмеа јавноста откривајќи ја ‘тајната’ за експлозијата во вторите 45 минути.

„Да бидам искрен, на полувремето испив енергетски пијалок и добив крила, па се беше во ред. Акцијата за првиот погодок беше прекрасна, вториот гол исто така беше убав, на третиот мислев дека сум во офсајд, но и тој беше убав. Сите беа прекрасни.“ – изјави Халанд.

Синоќа дебитираше и Јусуфа Мукоко кој со само 16 години стана најмладиот фудбалер кој заиграл на натпревар во Бундеслигата.

„Тој е најголемиот светски талент. Уживам кога играм со него. Има само 16 години и пред него е голема кариера. Многу е подобар од тоа кога јас бев на негови години. Среќни сме што е дел од Борусија.“ – додаде Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

ПСЖ го освои „Олд Трафорд“, фаворитите  немаа проблем вечерва во Лигата на шампиони. Гости…