Дома Фудбал Англија Халанд се израмни со Роналдо!

Халанд се израмни со Роналдо!

Ерлинг Халанд со својот 10-ти гол во сезоната во вчерашното дерби против Арсенал се израмни со Кристијано Роналдо.

Имено, Норвежанецот стигна до бројката од 100 гола во дресот на Манчестер Сити и така се израмни со Роналдо кој исто така постигна 100 гола од 105 настапи за Реал Мадрид.

Од почетокот на сезоната Халанд настапи на пет натпревари и во два од нив постигнуваше хет-трик. Норвежанецот беше блиску и да стане првиот играч со три хет-трика во низа, но во минатото коло против Брентфорд му недостасуваше еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …