Ерлинг Халанд постигна гол во последните минути за победа на Борусија Дортмунд против Фортуна.
Младиот Норвежанец постигна гол во последните минути од натпреварот, но пред се зборуваше за поништиениот гол од 66. минута. Неговиот шут го погоди во рамо Рафаел Гереро, а со прегледување на ВАР одлучено тој гол да се поништи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа не му се допадна на Халанд кој даде јасен коментар.
„Се уште не сум ја видел снимката, но имам чувство дека само против нас се користи играњето со рака“, алудираше Халанд на играњето со рака во директниот дуел помеѓу Баерн и Борусија кога за „милионерите“ не беше досуден пенал.
Халанд денес влезе од клупата и во последните секунди постигна гол за победа.