Дома Фудбал Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тијаго, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во ноември, објавено е на официјалната страница на лигата.

Бразилскиот напаѓач постигна пет голови во четири натпревари во текот на ноември, со што првпат го освои признанието за најдобар играч на месецот во Премиер лигата.

Тијаго е исто така и првиот фудбалер од Брентфорд кој ја добил оваа награда.

За време на овој период, Брентфорд забележа две победи и два пораза, и моментално се наоѓа на 14-то место на табелата на Премиер лигата со 19 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо тргна соиграч од живиот ѕид, па неговиот тим прими гол поради тоа (Видео)

И покрај тоа што Ал-Наср се соочи со Абха во првенството на Саудиска Арабија и победи со 2…