
Понудата и денес е на завидно ниво, а ние веруваме дека ќе ја искористиме правилно. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Мец – ПСЖ – 2/2 @ 1.70 во BC.Game
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата на Мец важи за еден од поголемите фаворити за елиминација оваа сезона. Кога ќе се погледне табелата, ќе се забележи дека Мец има само 3 победи во 15 изиграни натпревари, па таа позиција им е сосема заслужена. ПСЖ не сме навикнати да ги гледаме на друго место, освен на првата позиција, но поразот од Монако ги симна на 2-то место и сега имаат еден бод помалку од Ленс. Како и да е, овде очекуваме лесна победа за Парижаните и типуваме 2/2 со квота 1.70 во Bc.Game.
Ливерпул – Брајтон – 1 @ 1.70 во 22Bet
Ниту најголемите песимисти не очекуваа дека Ливерпул после 15 изиграни кола може да биде на 10-та позиција. Сепак тие направија многу неочекувани киксови и во последните пет натпревари победија само еднаш, па може да констатираме дека овој тим е во блага криза. Брајтон од друга страна се снаоѓа одлично и фановите можат да бидат задоволни со моменталната позиција на средината на табелата, бидејќи тие имаат амбиции само за опстанок и ништо повеќе. Овде ние предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 1.70 во 22Bet.
Менхенгладбах – Волфсбург – 3+ @ 1.66 во 20Bet
Тимот на Борусија Менхенгладбах благодарение на добрата серија резултати во последно време се искачи на средината на табелата. После катастрофалните и разочарувачки изданија, овој тим во последните пет натпревари запиша четири победи и едно реми. Волфсбург пак е во многу лоша позиција и минимален кикс би ги симнал во опасната зона, а тоа е сценарио кое сакаат да го избегнат по секоја цена. Ние овде очекуваме отворен и ефикасен натпревар и типуваме 3+ со квота 1.66 во 20Bet.
Атлетико Мадрид – Валенсија – ГГ @ 2.20 во Bet365
Последните два порази кои ги доживеаа Јорганџиите значеа и сериозно оддалечување од лидерската позиција, па сега на овој натпревар влегуваат како 4-то пласиран тим во шпанската елитна Ла Лига. Што се однесува до Валенсија, ниту оваа сезона нема да биде нешто поразлична од претходните и најверојатно ќе мора да се борат за опстанок до самиот крај. Како и да е, овде решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 2.20 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 10.55
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 13.12.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk