Дома Трансфер зона Халанд одбил голема понуда од Премиер лигата

Халанд одбил голема понуда од Премиер лигата

„ЕСПН“ пред две недели објави дека Манчестер сити е фаворит за потписот на Ерлинг Халанд, но очигледно тренерот Пеп Гвардиола ќе мора да бара друг голгетер.

Шпанските новинари тврдат дека Норвежанецот ја одбил првата понуда од „граѓаните“. Пред седум дена тие му испратиле понуда од 600.000 евра неделно, но тоа не било доволно.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Халанд им кажал „не“ на „граѓаните“ и тоа покажува дека чека понуда од Реал Мадрид и се надева на преселба во Шпанија. Парите не му биле важни, инаку ќе потпишел договор со Манчестер сити, пишува шпански „АС“.

„АС“ тврди дека не постои откупна клаузула од 75 милиони евра според која Борусија Дортмунд мора да го продаде, иако имаше такви шпекулации во претходните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…