Дома Трансфер зона Халанд во договорот со Сити има две откупни клазули

Халанд во договорот со Сити има две откупни клазули

Манчестер Сити успеа да стигне до потписот на Ерлинг Халанд, а во договорот на Норвежанецот ќе има и неколку откупни клазули.

Преговорите помеѓу Сити и Халанд ги заврши адвокатната Рафаела Пимента која го наследи Мино Раиола. Таа во договорот на Халанд успеала да вметне клазули слични на оние кои Халанд ги имаше во Борусија и Салзбург.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англиските закони не дозволуваат класична откупна клазула, тие треба да бидат поврзани со одреден ефект на теренот. Сепак поставените услови се лесно остварливи. Првата откупна клазула може да биде активирана во 2024 година, тогаш Халанд може да замине ако некој клуб за него плати 200 милиони евра.

Втората клазула важи една година подоцна и за неа откупната клазула е 175 милиони евра. Станува збор за големи суми, но со оглед на квалитетот и потенцијалот кој го има Халанд не е невозможно да видиме трансфер на Халанд од 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…