Дома Фудбал Англија Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Манчестер Сити го прегази и посрамоти градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на колото во Премиер лигата.

Централна фигура кај „граѓаните“ повторно беше Ерлинг Халанд, кој постигна 3 гола и запиша две асистенции.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Дебаклот на „црвените ѓаволи“ беше најавен уште во првите 10 минути кога погодија Фоден и Халанд за пред ност од 2:0.

Норвежанецот после неколку минути постигна и втор гол, а потоа му асистираше на Фоден за високи 4:0 на полувреме.

На стартот на вториот дел Антони постигна гол за Јунајтед, но Сити не престана да ја полни мрежата на градските ривали.

Повторно главни актери беа Халанд и Фоден, па веќе во 75-та минута резултатот беше 6:1. Пет минути подоцна Марсијал намали на 6:2, а во последната минута беше досуден пенал за „црвените ѓавол“.

Марсијал погоди од белата точка за конечни 6:3 и за да ја ублажи катастрофата на неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…