Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд: Бев на проба во Копенхаген, но не им бев доволно добар

Халанд: Бев на проба во Копенхаген, но не им бев доволно добар

По првиот натпревар во Данска, Манчестер Сити има одлични 3:1 против Копенхаген и на Данците им е потребно чудо за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар Халанд откри дека во 2016 година бил на проба во Копенхаген, но челниците на клубот тогаш сметале дека не е доволно добар да игра за нивниот клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Халанд признава дека бил заинтересиран да им се придружи, меѓутоа не ги убедил луѓето во клубот да му дадат договор.

„Бев во Копенхаген на проба во 2016 година. Клубот беше добар и сакав да заиграм за нив, но тоа не се случи. Нивниот дрес со бројот девет кој го носев тие неколку дена се уште го имам дома. Штета за нив, не се лутам ни најмалку, судбината ме однесе во друг правец и среќен сум со она што го постигнав до овој момент“, изјави Халанд.

Од денешна преспектива Копехаген сигурно може да жали што не му дал шанса на Халанд од кого сигурно добро ќе заработел бидејќи Норвежанецот денес е еден од најдобрите фудбалери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…