Иван Верес, сиромашно дете од парагвајскиот Асунсион е едно од четирите деца на сиромашна самохрана мајка. Переше шофершајбни на улици и просеше по Асунсион за да го прехрани семејството.
Има 14 години, а додека стоеше на раскрсниците често ги забавуваше минувачите со топка, со цел да добие некоја пара.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Не помина незабележано, неговите мајстории станаа вирални, здружението на парагвајските фудбалери покрена иницијатива да му најде ангажман во некој клуб.
А потоа се случи чудо, Гварани клубот за кој навива го повика, Иван ја помина пробата и доби стипендија, 100 долари месечно.
„Ќе купам облека за себе и семејството“, изјави со насмевка на потпишување на договорот, но напомена дека ќе продолжи да оди на школо.
Иван има 14 години ние му посакуваме што побрзо да се пробие во првиот тим, а потоа да направи трансфер во поголемите клубови од Јужна Америка, а потоа и во Европа.
Останува да видиме дали бајката на малиот Иван ќе добие продолжение…